• петок, 27 декември 2024

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица - Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија  во Република Северна Македонија во количина од околу 200 килограми. Приведени се две лица, соопшти МВР. - По претходно преземени мерки кон  Ш.А. (23) од с.Ливада, Струга,  кој од претходно и е познат на полицијата како транспортер на дрога  и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р.Албанија  и потоа да ја транспортира до различни места во државата,  вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“ со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје,  по што Ш.А.  бил фатен и лишен од слобода“, рече Ангеловски. При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, посочи Ангеловски, на бензинска пумпа на  магистралниот пат Росоман - Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и  пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола. - По претходна издадена наредба за претрес во дом од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево бил извршен претрес во домот на Н.А., при што бил пронајден уште еден пиштол марка „ТТ“ со 32 куршуми калибар 7.62 мм . Приведените  во текот на денот ќе бидат предадени на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски. Тој најави дека Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. фф/рп/

Остани поврзан