• вторник, 19 ноември 2024

Препораки од Владата за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните поради високите температури

Препораки од Владата за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните поради високите температури
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од 21 до 24 јули 2022 година дека територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица. Во градинките, како што посочи прес-службата на Владата, се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, за пружање помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, во регионите опфатени од топлотниот бран. Исто така се препорачува, работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците. Владата упати апел до јавноста и граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар. - Со оглед на состојбата со корона вирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот, и поради можноста со претстојната исплата на пензиите да се зголемува изложеност на пензионерите како најранлива возрасна група, се предлага исплата на пензиите за јули 2022 година да се изврши во групи, се вели во соопштението. мс/цр

Остани поврзан