• недела, 22 декември 2024

Преодниот премиер на Бугарија создаде специјален штаб за справување со енергетската ситуација, утре ќе биде првиот состанок на преодната влада

Преодниот премиер на Бугарија создаде специјален штаб за справување со енергетската ситуација, утре ќе биде првиот состанок на преодната влада
Софија, 3 август 2022 (МИА) -  Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, назначи 25 нови заменици министри, а истовремено разреши 25 кои досега беа на нивните функции, соопшти владината прес-служба. Галаб Донев го именуваше бугарскиот амбасадор во Украина, Костадин Којабашев за заменик министер за надворешни работи. В четврток официјалната влада на Бугарија ќе ја одржи првата редовна средба. Истовремено, премиерот Донев одлучи да создаде специјален штаб за справување со енергетската состојба, со кој ќе раководи, јави дописникот на МИА од Софија. нк/

Остани поврзан