• среда, 04 февруари 2026

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ има политика на чесен однос кон работниците и  синдикатите

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ има политика на чесен однос кон работниците и  синдикатите

Скопје, 3 февруари 2026 

„Во поглед на државните вработувања што ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој синдикат што беше во Владата овие две години. Првин дојдоа преговори од образование, добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години речиси 48 %, потоа беа социјалните работници - речиси 20 % покачување, приближно 40 % добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на гостување на телевизијата „24“ во емисијата „Анализа“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. 

Пренџов потенцира дека инфлацијата за разлика од изминатите години е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40 %. 

„Доколку има повисоки плати во приватниот сектор, тогаш и државата добива повеќе бидејќи тие средства работникот ги зема, ги троши, а државата преку даноци повеќе пари прибира во буџетот. Но одговорна држава вели дајте сега вие седнете како работодавачи и како работници направете еден дијалог и она што вие ќе се договорите, ние ќе го почитуваме како држава бидејќи во Република Македонија за разлика од 90-тите години, сега колку им треба работно место на работниците толку им треба човек и на сопствениците, ова што сега се случува е далеку од желба за реално решавање на работите“, рече Пренџов и додаде:

„Во 2022 година инфлацијата беше 14,2 %, а на храна и пијалаци беше повеќе од 50 % инфлација, денес во 2025 имаме 3,9 % инфлација, лани сме имале 3,5 %, а во 2026 година ќе имаме 2,5 % инфлација. Очекувам в четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крајот да ги добијат и тие нивни 40 %“.
   
Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан