• вторник, 19 ноември 2024

Премиерот на Шри Ланка поднесе оставка

Премиерот на Шри Ланка поднесе оставка

Коломбо, 23 септември 2024 (МИА) – Премиерот на Шри Ланка Динеш Гунавардена поднесе оставка, јави локалната телевизија Сираса.

Заминувањето на премиерот од функцијата се случува еден ден откако Анура Кумара Дисанајаке го победи претходниот претседател Ранил Викремесинге на изборите за шеф на државата, спроведени во време на тешка финансиска криза.

Покрај премиер, Гунавардена беше и министер за внатрешни работи, државна администрација, локална самоуправа и општини. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан