• вторник, 24 декември 2024

Премиерот на Палестинската управа повика на запирање на израелските напади и блокадата на Газа

Премиерот на Палестинската управа повика на запирање на израелските напади и блокадата на Газа

Рамала, 16 октомври 2023 (МИА) - Премиерот на Палестинската управа, Мохамед Штајех, денеска ги повика САД и меѓународната заедница да интервенираат во запирање на израелските воздушни напади и блокадата, јави палестинската  агенција ВАФА. 

-Бараме од меѓународната заедница, главно од американската администрација, итно да интервенира за да се запре агресијата, да се обезбеди заштита на цивилите и нивните домови и да се спречи раселувањето, рече премиерот Штајех, пренесен од Си-ен-ен. 

Палестинскиот политичар за време на неделниот состанок на владата на Палестинската управа во Рамала, на Западниот Брег, изјави дека Израел цели врз цивили и дека целта е „масовно убивање и масовно раселување“, па од тие пртичини повика на итно отворање на безбедни коридори за олеснување на испораката на храна, медицински материјали и евакуација на ранетите бидејќи „болниците во Газа станаа пренатрупани“.

Тој предупреди на натамошното раселување на луѓето од Појасот Газа и создавањето на нова катастрофа, Накба, алудирајќи на случувањата по арапско-израелската војна од 1948 година, кога околу 700.000 Палестинци избегале или биле протерани од своите домови во Израел. 

-Нашите луѓе нема да ја напуштат својата земја ниту да емигрираат од неа, без разлика колку е тешка жртвата, кажа палестинскиот премиер. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан