• вторник, 26 ноември 2024

Премиерот на Монголија поднесе оставка поради неуспехот на Владата да се справи со коронавирусот

Премиерот на Монголија поднесе оставка поради неуспехот на Владата да се справи со коронавирусот

Улан Батор, 21 јануари 2021 (МИА) - Премиерот на Монголија, Ухнаагин Хјурелсух поднесе оставка по протестите во главниот град поради неуспехот на Владата да се справи со пандемијата на коронавирусот. Протестите избувнаа во средата како одговор на обвинувањата дека Владата не успеала да премести пациентка со Ковид-19 и нејзиното новородено бебе. Како што пренесуваат странските агенции, откако добро се справи со кризата со коронавирусот во раните фази, Монголија во моментов се бори со новиот бран предизвикан од заразен возач кој дошол во земјата од Русија. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан