Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
- Официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот.

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот.
На настанот ќе се обратат претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на Светска банка, Масимилијано Паолучи и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. ар/нд/
Фото: МИА архива