• понеделник, 06 јануари 2025

Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација.

На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.

Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес.

Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан