Премиерот Ковачевски ќе пушти во употреба нова градинка во Пробиштип
- Во Општина Пробиштип, денеска ќе биде пуштен во употреба новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“.

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Во Општина Пробиштип, денеска ќе биде пуштен во употреба новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“.
Како што соопштија од владината прес - служба, на пуштањето во употреба на новата градинка ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика. вг/аа/
Фото: МИА Архива