• понеделник, 26 август 2024

Премиерот Ковачевски пристигна на состанокот на Европската политичка заедница во Прага

Премиерот Ковачевски пристигна на состанокот на Европската политичка заедница во Прага
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Срдечен пречек од страна на премиерот на Чешка, Петр Фиала во пресрет на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил. - Фокусот на денешните сесии со лидерите во Европа е економијата, енергетиката, безбедноста, заштитата на животната средина, но најважно заедништво за ублажување на последиците од најголемата криза во светот која ја памтиме во поновата историја. Само обиденети можеме да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна, наведува Ковачевски во објавата на Фејсбук. цр/сп/

Остани поврзан