Премиерот Ковачевски и Наумов ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка
- Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, денеска на прес-конференција ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, денеска на прес-конференција ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.
Како што информираат од владината прес-служба, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник Бектеши. фф/аа/
Фото: МИА Архива