• четврток, 26 декември 2024

Премиерот Ковачевски го пречека премиерот на Ирска, Варадкар со највисоки државни почести

Премиерот Ковачевски го пречека премиерот на Ирска, Варадкар со највисоки државни почести

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава.

Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, оопшти владината прес-служба.

Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба на двајцата премиери, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. По одржувањето на билатералната средба, премиерот Ковачевски и премиерот Варадкар ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во составот на македонската делегација се присутни и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

null

Премиерот на Ирска попладнево пристигна на меѓународниот аеродром „Скопје“, каде  беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар. Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот. Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ, соопшти Маричиќ, оценувајќи ја посетата како позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.

 Ирскиот премиер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски. дма/сх/

Фото/Видео: Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан