Премиерот Заев во Делчево на почеток на изградба на современ градски пазар
- Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар.

Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар.
За реализација на проектот, како што информираат од владината прес-служба, обезбедени се 33, 5 милиони денари. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела од 11.599 м2 и површина за градење на 6 944 м2.
На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. дма/ев/