• среда, 27 ноември 2024

Премиерлигашите сакаат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата доколку се докажат финансиски неправилности

Премиерлигашите сакаат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата доколку се докажат финансиски неправилности

Лондон, 8 февруари 2023 (МИА) – Најголемиот број клубови од Премиер лигата сакаат Манчестер сити да биде исфрлен од лигата доколку бидат прогласени за виновни за кршење на финансиските правила во текот на девет сезони, објави „Скај спортс“.

Во случај Манчестер сити да се докаже дека е виновен, нема да има многу симпатии кон нив. На санкции во односот на „Граѓаните“ најмногу инсистираат клубовите од таканаречената „голема шесторка“. Покрај Манчестер сити, во неа се Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.

Забележано е дека одземањето трофеи како казна за Манчестер сити се смета за бесмислено. Премиерлигата смета дека тоа само ќе создаде непотребна забуна. Паричната казна се смета за најмалку ефективна од сите можни методи на казнување.

Манчестер сити во последните 11 години освои шест титули во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан