• понеделник, 23 декември 2024

Премиера на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“

Премиера на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Британската амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Северна Македонија на премиерата на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“ (NoTimeToDie), соопштија од британската Амбасада. Брендот Џемс Бонд, наведуваат, е стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот на најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути. Филмот има и најголем број прикажувања во кино салите од сите други филмови во историјата на Обединетото Кралство, односно имаше прикажувања во 772 кино сали со повеќе од девет илјади претстави дневно. - Амбасадорката Рејчел Галовеј носеше креација изработена од одржливи материјали што го дизајнираше еден од студентите по моден дизајн кои учествуваа на Ревијата на одржлива мода во организација на Британската амбасада Скопје како дел од овогодинешните прослави на роденденот на Кралицата Елизабета Втора, се вели во соопштението. Ковид-19, додаваат од Амбасадата, имаше значително економско и социјално влијание врз културниот и креативниот сектор во светски рамки. - Поддржете ги со тоа што ќе го гледате одличниот филм No Time To Die #007 во кино салите во Северна Македонија, наведуваат од британската Амбасада. мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан