• вторник, 24 декември 2024

Премиера на краткиот филм „Соло мод“ на Тамара Котевска

Премиера на краткиот филм „Соло мод“ на Тамара Котевска
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар. Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови. ар/хс/  

Остани поврзан