• четврток, 26 декември 2024

Преку ублажување на кризата и економско јакнење на жените до поголема конкурентност и инклузија во претпријатијата

Преку ублажување на кризата и економско јакнење на жените до поголема конкурентност и инклузија во претпријатијата

Скопје, 5 јули 2023 (МИА) – Преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност, ова беа заклучоците кои произлегоа од денешната конференција во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“.

На настанот присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој изрази задоволство од ваквите проекти за кои оцени дека во голема мера придонесуваат за воспоставувањето на одржлив економски развој.

-Денеска имаме прилика да го проследиме настанот кој во континуитет се имплементираше заедно со УСАИД за зајакнување на капацитетите во делот на еко-системот, во делот на поддршка на сите наши асоцијации се со цел да им излезат во пресрет попрофеисонално и на најдобар можен начин на нашите микро и мали компании. Ние како Министерство за економија целосно ги поддржуваме ваквите проекти имајќи предвид дека дизјанираме мерки се со цел да имаме одржлив економски развој, а посебно да се излезе во пресрет на потребите на микро и малите компании кои се и двигатели на економскиот развој во нашата држава, и кои креираат најмногу работни места во нашата држава, порача министерот.

Изрази благодарност за поддршката која ја пружаат партнерите од проектот иинформира дека Министерството во моментот работи на зацврстување на соработката со партнерите, најави дека и во иднина ќе останат фокусирани на тој сегмент.

Посочи дека треба во континуитет да се креирата можности и да се работи на поддршка на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, а секако и развој на оние жени кои веќе поседуваат некаков бизнис.

Претставничката на канцелариката на УСАИД, Џери Дајбл оцени дека и мажите и жените имаат важна улога во економската сфера, но дека жените имаат потреба од поголем фокус бидејќи како што рече таа присутен е загрижувачки тренд на мала вклученост на жените во економијата, за таа цел Дајбл информира дека се работи на изнаоѓање на начини за поголема вклученост на жени во макеоднската економија.

Кристина Хаџи Василева извршна директорка, консалтинг за стратешки развој изрази надеж за успешно справување до крај со економската криза и дека очекува нејзино трансформирање во економија која ќе пружи уште поголем потенцијал.

-Работиме на активности за поддршка на развој на претпријатијата и во тој контекст влегува и овој прект. Ние се трудиме да даваме поддршка со цел развој на важни политики на тој начин сметаме дека ќе им помогнеме на претпријатијата да ги надминат сите предивици, бидјеќи во услови на несигурност и кризи претпријатијата знаат да бидат ранливи и зтао сметаме дека поддршката и партнерствата се многу значајни во тој процес кога можат да опстојат и да бидат одржливи, посочи Хаџи Василева.

Проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ го спроведува Консалтинг за стратешки развој со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД.свс/лв/

Остани поврзан