• сабота, 27 јули 2024

Преку Ковакс програмата одобрена набавка на околу 1,8 милијарди вакцини

Преку Ковакс програмата одобрена набавка на околу 1,8 милијарди вакцини
Женева, 2 март 2021 (МИА) - Преку Ковакс програмата денеска е одобрена набавка на околу 1,8 милијарди дози вакцини во 2021 година, што е за околу 500 милиони повеќе од планираното на крајот на минатата година, соопшти ГАВИ, организацијата задолжена да ја координира програмата Ковакс. Првиот човек на ГАВИ, Сет Беркли, на денешната прес-конференција, изјави дека во Ковакс се надеваат дека успешно ќе завршат преговорите за купување дополнителни 1,1 милиони дози на вакцина Новавакс. Тој објасни дека има доцнење во испораката на голем број вакцини од „Фајзер/Бионтек“ за Ковакс поради дополнителни барања на производителите во врска со исплатата на надоместокот. Советникот на Светската здравствена организација Брус Ејлвард потврди дека планот е сè уште валиден за започнување на вакцинацијата во првите 100 дена од оваа година според програмата Ковакс во сите земји кои учествуваат во програмата, под услов производителите да се придржуваат до договорените рокови за испорака. паг/  

Остани поврзан