• вторник, 24 декември 2024

Преку КОВАКС до крајот на мај ќе бидат испорачани околу 237 милиони вакцини во 142 земји

Преку КОВАКС до крајот на мај ќе бидат испорачани околу 237 милиони вакцини  во 142 земји
Женева, 2 март 2021 (МИА) - Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека се очекува преку програмата КОВАКС до крајот на мај да бидат испорачани 237 милиони дози вакцини против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека во 142 држави. Тој наведе дека за денеска е планирана испорака на вакцини во Ангола, Камбоџа, Демократска Република Кнги и Нигерија. Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо изјави дека во неговата земја почнала имунизацијата на населението со вакцините од КОВАКС. ми/

Остани поврзан