• среда, 27 ноември 2024

Преку Интерег-ИПА програмата, Општина Берово ќе набавува специјално возило за справување со природни катастрофи

Преку Интерег-ИПА програмата, Општина Берово ќе набавува специјално возило за справување со природни катастрофи
Берово, 28 декември 2020 (МИА) - Општина Берово ќе добие специјално возило за справување со природни катастрофи. Од општината информираат дека набавката на возилото е дел од проектот „Волонтери преку граница“ кој, како што посочија, е уште еден од низата успешни проекти преку Интерег-ИПА програмата.
- Потпишан е договорот за имплементација на проект од Интерег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, преку кој Општина Берово ќе обезбеди специјално возило за справување со природни катастрофи. Возилото е со модул за гаснење на шумски пожари, како и модул за справување со снежни наноси, односно чистење на снег. Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република Бугарија е невладината организација – здружение на граѓани „Заедно за Сандански“, посочуваат од општината.
Како дел од активностите на проектот, во наредните 18 месеци, ќе биде реализирана обука за волонтери и млади од Прекуграничниот регион за справување со природни катастофи, пожари, поплави и слично, со што според општината, би се остварило одржливо прекугранично партнерство во полето на превенција и справување со елементарни непогоди.
- Главната цел на проектот е превенција и заштита на жителите од пограничниот регион, од природни вештачки катастрофи. Со одобрувањето на овој проект од вториот повик за проекти за прекугранична соработка, Општина Берово, уште еднаш ја покажа спремноста за аплицирање на европски проекти и е една од ретките општини, кои добиле средства за реализација на прекугранични проекти од сите повици, започнувајќи уште од 2011 година, истакнуваат од општината.
Буџетот на целосниот проект изнесува 397.457,46 евра, од кои по 179.317 евра подеднакво ќе добијат Општина Берово и Здружението на граѓани „Заедно за Сандански“ од Бугарија. вс/фф/

Остани поврзан