• петок, 05 декември 2025

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Корисниците на неколку улици во главниот град денеска ќе имаат прекинато водоснабдување во одредени периоди од денот, соопштија од ЈП Водовод и канализација -  Скопје.

Корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“ ќе имаат прекинато водоснабдување од 09:30 часот поради двоење во шахта на ул. „Московска“ 12. Прекинот, како што соопшти Водовод, ќе трае до завршување со работните активности.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.„9-ти Мај“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. ац/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан