Прекин во водоснабдувањето за корисниците на високата зона од населба Автокоманда поради уличен дефект
- Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на високата зона од населба Автокоманда поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (на влезот на Парк Шума), информираа од ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на високата зона од населба Автокоманда поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (на влезот на Парк Шума), информираа од ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. цр/са/
Фото: МИА архива