Прекинато водоснабдување за дел корисниците на неколку улици во Општина Центар
- Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф2 на улица „Апостол Гусларот“ 3 пред влезот на училиштето Песталоци, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Апостол Гусларот“ и „Борка Талески“ на потег од ул.„Аминта Трети“ до ул.„Рајко Жинзифов“.

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф2 на улица „Апостол Гусларот“ 3 пред влезот на училиштето Песталоци, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Апостол Гусларот“ и „Борка Талески“ на потег од ул.„Аминта Трети“ до ул.„Рајко Жинзифов“.
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности. цр/
Фото: МИА архива