• вторник, 24 декември 2024

Презентирана дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“

Презентирана дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“

Скопје, 23 август 2023 ( МИА)  - Во рамките на проектот „Здружи се за заедницата“ денеска беше промовирана дигиталната платформа (апликација) за граѓанско учество „Комунити“, преку која граѓаните ќе можат да одредуваат приоритети и заеднички да спроведуваат финансиски решенија во својата локална заедница. Секој граѓанин може бесплатно може да ја инсталира апликацијата на својот мобилен телефон.  

Засега, проектот се спроведува од асоцијацијата „Конект“ и во првата фаза ќе соработува со општините Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари. 

Преку проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, кој ќе се спроведува во шест општини во државата, се очекува да се зголеми учеството на граѓаните во идентификување и решавање на предизвици

Како што беше посочено на денешната презентација за време на промоцијата на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, „Комунити“ е нов канал за двонасочна комуникација за локални проблеми и потреби помеѓу сите чинители на вклучително службеници од општините, граѓаните и невладиниот сектор и локалните бизниси. Општината преку платформата, на брз и едноставен начин ќе може да проследува важни информации до сите граѓани и до одредена целна група на граѓани. 

Граѓаните ќе добиваат известувања поврзани со локални настани или пак предупредувања, како на пример, затворање на главниот булевар поради изградба на пат.  Во иднина сите административни постапки ќе можат да се сведат на неколку клика без долго чекање пред институциите. Граѓаните ќе можат да го споделат своето мислење, загриженост или идеја, а во врска со локалните прашања да побараат промени и да бидат слушнати. 

Дигиталната платформа е наменета за активно учество на сите граѓани, граѓански организации и групи во државата и дијаспората кои сакаат да го поддржат развојот на своите заедници. Во „Комунити“ ќе се вклучат компании и институции кои сакаат да се видат како сила на доброто во општеството, се вели во презентацијата на платформата. 

Преку платформата, поплаките од граѓаните ќе бидат проследени до соодветниот сектор и раководното лице во Општината. 

Процедурата за регистрација е бесплатна, а секој корисник ќе добива содржини, промоции и известувања поврзани со сопствените интереси. љм/бт/

Фото: МИА/ МИА Архива

 

Остани поврзан