Презентација на согледувања за остварувањето на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух
- На прес-конференцијата ќе бидат промовирани согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје, а ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Минитерството за образование и наука со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух.

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам ќе одржат прес - конференција.
На прес-конференцијата ќе бидат промовирани согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“- Скопје, а ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Минитерството за образование и наука со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух. сст/аа/
фото МИА архива