Презентација на меѓународни споредбени податоци за изборното однесување и демократските перцепции на граѓаните
- Во ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе бидат презентирани меѓународни споредбени податоци за изборното однесување и демократските перцепции на граѓаните во Северна Македонија, добиени преку Компаративното истражување на изборните системи (CSES) - меѓународно истражување спроведено во 60 земји.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Во ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе бидат презентирани меѓународни споредбени податоци за изборното однесување и демократските перцепции на граѓаните во земјава, добиени преку Компаративното истражување на изборните системи (CSES) - меѓународно истражување спроведено во 60 земји.
- КИИС/CSES е меѓународно анкетно истражување кое се фокусира на изборното однесување на граѓаните и досега е имплементирано во 60 земји низ светот. По јавното објавување на податочниот сет каде што фигурираат повеќе земји од сите континенти (декември 2025), се отвора можност за споредбени анализи за позицијата на земјава во однос на други контексти, велат од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ, и Институтот за демократија.
На настанот ќе бидат претставени компаративни податоци, по што ќе следи отворена дискусија. Освен презентацијата, настанот има за цел да ги претстави и можностите за повторна употреба на податоците, со цел зајакнување на квалитетот во политичките и општествените науки воопшто, во земјата. сст/паг/
Фото: МИА архива