• среда, 25 декември 2024

Презентација на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“

Презентација на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде презентиран ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“, реализиран од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, а поддржан од Европската Унија.

Како што информираат од Агенцијата за вработување, проектот се имплементира од септември 2019 година до март 2024 година. 

На презентацијата ќе присуствуваат проектниот координатор Наташа Здравковска и тимот за реализација на сите активни мерки и програми кои се спроведуваат во рамките на овој проект преку Агенцијата за вработување, како што се практикантство, работа кај познат работодавач, субвенционирани обуки и други. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан