• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на извештајот од проектот за зачувување на националниот идентитет на Хрватите во Р.Северна Македонија

Презентација на извештајот од проектот за зачувување на националниот идентитет на Хрватите во Р.Северна Македонија

Скопје, 17 јуни 2024

На 17. јуни во свечената сала на Правениот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
во Скопје се одржа презентација на извештајот од проектот „Општествени, културни и
демографски одредби за зачувување и унапредување на националниот идентитет на
Хрватите во Р.Северна Македонија“.

Носител на проектот е Институт на општествени науки „Иво Пилар“ од Загреб во соработка
со Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија.

На презентацијата поздравно обраќање имаа проф. д-р. Сашо Георгиевски, декан на
Правиот факултет, амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија
Нивес Тигањ, в.д. Претседателот на Заедницата на Хрватите во РСМ Јосип Туниќ и заменик
директорот на Институт на општествени науки „Иво Пилар“ др. Дражен Живиќ.

Презентацијата на истражувачкото известување ја започна др. Дражен Живиќ, водител на
проектот кој изрази најнапред голема благодарност до Заедницата на Хрватите во РСМ за
нивната сорботка во проектот, а потоа даде за активностите, обработени проекти, издадени
книги на Институтот Иво Пилар од Загреб.

Врз основа на анкета која ја составија учесниците во споменатиот тим и ја испратија во
Заедницата на Хрвати во РСМ за потполнување обработени се многубројните податоци што
ги презентираше д-р. Ивана Бендра.

За период од осамостојувањето на Р.Македонија, нејзината транзиција, законите и правата
на Хрватите во РСМ и другите етнички заедници осврт даде др. Сандра Цвикиќ, од
Институтот Иво Пилар, член на проектниот тим.

Ова е за прв пат едно сеопфатно истражување врзано за Хрватите во РСМ кој согласно
добиените податоци ќе послужи во креирањето на идните политики врзани за Хрватската
заедница во Република Северна Македонија.

Модератор и вооедно член на пректиниот тим беше проф. д-р. Гоце Наумовски, редовен
професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

Целото истражување од проектен тим и надворешните соработници на ќе бидат обработени
и објавени во книга Зборник на трудови.

Проектот е финансиран од страна на Средишниот државен уред за Хрвати вон Р. Хрватска.

Заедница на Хрвати во Република Северна Македонија

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Заедница на Хрвати во Република Северна Македонија

Остани поврзан