• петок, 22 ноември 2024

Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание

Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание

Тетово, 11 окотмври 2024 (МИА) - Во Тетово пред Споменикот на победата (револуцијата) денеска се одбележа Денот на народното востание 11 Октомври, во организација на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово, како и гарнизонот при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“. Чествувањето почна со интонирање на македонската химна и едно минутно молчење во чест и слава на сите загинати борци во Народно-ослободителна борба и припадници на АРМ како и со положување цвеќе пред Споменикот.

За време на одбележувањето беше прочитан пригоден реферат за значењето на 11 Октомври изработен од професорот по историја Љубиша Марковиќ.

-11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ, проникнати во Карпошовото, Разловечкото,Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција,Македонскиот народ застанал на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилната негација на човековите вредности. 11 Октомври е симболот на македонската борба за слобода. Нашата историја треба да не мотивира да чекориме напред,затоа што во слободата за Македонија се вградени судбините на голем број млади луѓе, кои не се штедеа во борбата за слобода и формирање на македонската држава, беше посочено на одбележувањето од историскиот реферат.

На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу“, Секторот за внатрешни работи Тетово, општинска организација на СДСМ Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, тетовскиот огранок на Левица, претставници на партијата ЗНАМ Движење за Македонија, Организацијата на резервните воени старешини како и Здружение на пензионери на Тетово.ас/бт/

фото: МИА 

Остани поврзан