• петок, 05 декември 2025

Пред наставници во Росоман презентиран Водич за општествено-хуманитарна работа за седмо одделение

Пред наставници во Росоман презентиран Водич за општествено-хуманитарна работа за седмо одделение

Кавадарци, 3 ноември 2025 (МИА) -  Водич за општествено-хуманитарна работа за седмо одделение беше презентиран денеска пред наставници во Росоман, информираа попладнево од Основното општинско училиште „Пере Тошев“. 

- Квалитетното образование бара постојано усовршување на воспитно-образовниот процес. Со таа цел, а согласно наставниот план за основно образование за учебната 2025/26 година, се одржа обука на наставниот кадар од предметна настава. Од страна на советникот при Бирo за развој на образование, подрачна единица  Кавадарци, Горан Стојанов, на наставниците им беше презентиран водич, напишаа од училиштето на Фејсбук.

Како што појаснија оттаму, овој водич ќе им помогне на наставниците во планирањето и организирањето на општествено - хуманитарната работа во училиштето. свд/мд/


Фото: Фејсбук на училиштето во Росоман

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан