• сабота, 21 декември 2024

Пред домот на уредникот на Ехо Москва оставена свинска глава

Пред домот на уредникот на Ехо Москва оставена свинска глава
Москва, 24 март 2022 (МИА) - Уредникот на последната руска независна радиостаница Ехо Москва, која руските власти ја отстранија од етерот неколку дена по почетокот на војната, пронашол свинска глава пред неговиот стан и антисемитски слоган залепен на вратата. Алексеј Венедиктов, кој со децении е уредник на Ехо Москва, изјави дека нема да дозволи Русија да се претвори во нацистичка Германија. Тој наведе дека на снимката се гледа дека свинската глава е оставена од доставувач на една компанијата, а од фирмата тврдат дека доставувачот на снимката не е нивен вработен. ми/ https://twitter.com/maxseddon/status/1507039681212563460?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507039681212563460%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Frusija-nato-zeli-nastavak-rata-nato-malo-je-vjerojatno-da-cemo-ratovati-s-rusijom%2F2350056.aspx

Остани поврзан