• понеделник, 23 декември 2024

Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Утврдување на предлог - одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пред пратениците - членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/2024).  
 
На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог - одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог - одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан