• вторник, 27 август 2024

Предлог-етичкиот кодекс за изборната администрација на јавна седница на ДИК

Предлог-етичкиот кодекс за изборната администрација на јавна седница на ДИК

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која на дневен ред се Предлог- измена на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на ДИК во 2023 година, како и Предлог - етичките кодекси за изборната администрација и за членовите на ДИК.

Како што соопшти ДИК, на седницата ќе биде разгледана и Предлог-одлука за формирање на работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, а ќе бидат усвоени и записниците од 68-та, 69-та и 70-та седница на комисијата.

Седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК. вг/са/

Остани поврзан