Предвидувања на познавачи: Кралот Чарлс можеби ќе го следи примерот на кралицата Маргрета
- Европа денес има 12 монархии, од коишто седум се кралства - Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Шпанија, Холандија и Белгија. Андора, Лихтенштајн и Монако се кнежевства, а Луксем

Лондон, 6 октомври 2022 (МИА) - Кралското семејство на Данска неодамна објави дека четирите внуци на кралицата Маргрета ги губат титулите принц и принцеза, на 1 јануари 2023 година. Монархот притоа соопшти дека тоа е во согласност и со другите кралски куќи во Европа.
Овој потег се однесува на вториот син на данската кралица - принцот Јоаким. Принцот Николај, принц Феликс, принц Хенрик и принцезата Атина веќе нема да бидат принцови и принцеза од следната година. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и нема да бидат „нивното височество“, туку „нивните екселенции“. Според реакциите, не сите во кралското семејство се согласуваат добро со тоа, но кралицата Маргарета изјавила дека одлуката е конечна, иако „ѝ е многу жал“ поради тоа. [caption id="attachment_1782305" align="aligncenter" width="765"]
