• вторник, 17 декември 2024

Предадена во употреба спортска сала во гостиварско Дебреше 

Предадена во употреба спортска сала во гостиварско Дебреше 
Гостивар, 5 април 2021 (МИА) - Во гостиварското село Дебреше денеска предадена е во употреба спортска сала која ќе функционира во склоп на ОУ „Фаик Коница“. На свеченоста на која присуствуваше и заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани беше напоменато дека за овој објект жителите во ова полошко село чекале речиси три децении – Изградбата на овој објект се финансираше со средства на Министерството за образование и наука. Според големината и опременоста, таа е една од најголемите во регионот. Изминатиов период вложивме дополнителни напори, за да конечно нешто што е започнато пред 27 години конечно биде завршено, изјави заменик министерот Шабани. За првиот човек на општина Гостивар предавањето во употреба на овој објкет е дополнување на една целина во која покрај училишната зграда спаѓа и спортскиот терен. Според Арбен Таравари вака подготвената инфраструктура во Дебреше на учениците, спортистите и рекреативците ќе им понуди услови во непосредна близина на местото на живеење. Тој искажа благодарност до сегашните раководни лица во МОН, кои, како што рече, дополнително се ангажирале за изградбата и опремувањето. Спортската сала во Дебреше чини над 37 милиони денари. Има трибина со илјада столчиња, терен според пропозициите за одигрување на натпревари за малите спортови, а ќе ја користат и учениците за часови по физичка култура. з. г. м./цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан