• четврток, 15 мај 2025

Преговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма продолжуваат следната недела

Преговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма продолжуваат следната недела

Мускат, 26 април 2025 (МИА) - Преговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран ќе продолжат следната недела, објавија властите на Оман, каде што се водат разговорите.

„Преговорите ќе продолжат следната недела, а нова средба е закажана за трети мај“, напиша министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал Бусаиди, на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека на денешната средба соговорниците разговарале за „фундаментални принципи“ и „технички прашања“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан