• понеделник, 23 декември 2024

Превентивно повлекување на одредена серија на производ на HiPP Органски сок од јаболко 200ml од пазарот

Превентивно повлекување на одредена серија на производ на HiPP Органски сок од јаболко 200ml од пазарот

Скопје, 26 август 2022

Kако дистрибутер на HiPP производи за македонскиот пазар, ја известуваме јавноста дека го повлекуваме од полица производот HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml во шише, од производна серија А98967 со рок на траење од 31.10.2023 година. Овие информации се испечатени на работ на капачето.

Мерката важи само за овој производ. Повлекувањето не се однесува на други серии HiPP 100% органски сок од јаболко (200 ml).

Производителот како причина за повлекувањето го наведува присуството на несакани честички во поединечни шишиња од производната серија (LA 98967) наменети за пазарот во Република Полска. Истрагата покажа дека се работи само за поединечни шишиња од серијата кои беа испратени исклучиво на полскиот пазар. Другите производи од истата производна серија испратени на други пазари се исправни.

И покрај тоа, производителот HiPP веднаш реши да го повлече производот од македонскиот пазар поради грижа за безбедноста на потрошувачите. Потрошувачите можат да ги вратат  производите од споменатата серија на продажното место од каде се купени каде ќе им бидат вратени пари или ќе биде направена замена. ( оваа можност се однесува исклучиво на горе наведениот производ од конкретната производна серија со наведениот рок на траење).

Искрено им се извинуваме на потрошувачите за можните непријатности предизвикани со оваа ситуација и благодариме на разбирањето.

АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан