• вторник, 24 декември 2024

Превентивни ортопедски прегледи за децата од ОУ ,,Ѓорѓија Пулевски’’ во Скопје

Превентивни ортопедски прегледи за децата од ОУ ,,Ѓорѓија Пулевски’’ во Скопје

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Универзитетската клиника за ортопедски болести заедно со ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски’’ од Oпштина Аеродром пред два дена почна со реализација на Пилот проект за превентивни ортопедски прегледи на деца од училиштна возраст. Само во текот на вчерашниот ден 200 деца од прво до четврто одделение беа прегледани волонтерски од страна лекари специјалисти ортопеди. Кај дел од нив кај кои лекарите утврдија дека постојат одредени проблеми, беа дадени препораки за понатамошен третман со вежби за подобрување на држењето на телото, сѐ во насока на спречување на појава на сериозни деформитети на рбетниот столб.

- Целта на Проектот е рано откривање на деформитетите и упатување на децата на понатамошно лекување, доколку е потребно, со цел да се спречат посериозни здравствени проблеми. Децата кај кои се воочени деформитети ќе бидат упатени понатаму на дополнителни испитувања на Клиниката за ортопедија, вели доктор Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ и еден од организаторите на акцијата.

На сите деца кои беа прегледани им беше поделен противен материјал со вежби за правилно држење, како и информација за нивната здравствена состојба.

Од Клиниката за ортопедски болести информираат дека акцијата која продолжува и во наредните недели ќе ги опфати сите деца до 10-годишна возраст.

- Jа поддржувам соработката меѓу Универзитетската клиника за ортопедски болести и нашето училиште. Станува збор за спроведување на пилот-проект за превентивни ортопедски прегледи за рано откривање на деформитетите кај децата, кој ќе се реализира од лекари-специјалисти ортопеди-волонтери и ме радува што сме прво училиште во кое се спроведува ваква активност, вели Марјан Јовановски, директор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Во денешното соопштение од Клиниката се вели дека учениците и родителите од поголемите одделенија покажале задоволство и од овој пилот-проект и интерес за негово спроведување и во целото училиште. сст/сп/

фото Универзитетска клиника за ортопедски болести

 

 

Остани поврзан