• петок, 08 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - На повеќе локации во Струмица и општините Босилово и Василево вчера во периодот од 12.00 до 19.00 часот полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спровеле превентивни активности во рамки на кампањите „Стави појас - вози безбедно“ и „Стоп за возењето под дејство на алкохол“, соопштија денеска од МВР.

Активностите биле реализирани во соработка со РСБСП и поддршка на правен субјект од струмичкото село Радово, при што на возачите им биле поделени летоци со едукативна содржина.

- Целта на овие активности е да се подигне свеста кај возачите кои управуваат моторни возила, укажувајќи им за обврската од почитување на сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението.

Во активностите се вклучил и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во текот на вчерашниот ден го посети овој регион. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан