• вторник, 24 декември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица  -„Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно“

Превентивна активност на СВР Струмица  -„Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно“

Струмица, 14 април 2024 (МИА) - Денеска на повеќе локации во градот, на магистралниот пат А4, Струмица-Ново Село и во населени места од општините Василево, Босилово и Ново Село, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица реализираа превентивна активност под мотото „Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно“.

Оваа активност е дел од кампањата „Вози одговорно“ која МВР ја реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност.

-При спроведување на оваа активност полициските службеници ги потсетуваа возачите за нивната должност да ги почитуваат правилата и прописите кои се одредени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, со делење на летоци со едукативна содржина им укажуваа за дел од одредбите од законот кои се особено важни за безбедност на патниот сообраќај меѓу кои особено за задолжително користење на светла за осветлување на патот, ограничувањата на брзината на движење на патиштата; потоа задолжително користење на сигурносен појас не само за возачот, туку и за лица кои се превезуваат во возилото, како и околу недозволеното управување на возило под дејство на алкохол, изјави Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица.

Освен со овие законски обврски, преку делење на едукативни летоци, возачите беа запознати и со санкциите предвидени за непочитување на истите. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан