• среда, 25 декември 2024

Пребојадисан натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола

Пребојадисан натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола

Битола, 5 април 2023 (МИА) - Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив.

Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата.

Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ. мт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан