Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите
- Манчестер сити за прв пат во клупската историја стана европски фудбалски првак. „Граѓаните“ вечерва во Истанбул во финалето на Лигата на шампионите го победија Интер со 1:0.
Истанбул, 10 јуни 2023 (МИА) – Манчестер сити за прв пат во клупската историја стана европски фудбалски првак. „Граѓаните“ вечерва во Истанбул во финалето на Лигата на шампионите го победија Интер со 1:0.
Победникот го реши Шпанецот Родри кој во 68. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Тимот предводен од тренерот Пеп Гвардиола сезонава слават тројна титула. Претходно, Сити ја освои англиската Премиер лигата и трофејот во ФА Купот.
Манчестер сити без пораз ја завршува сезоната во елитното натпреварувања и стана шестиот англиски тим кој ја освоил Лигата на шампионите. Претходно на главниот европски турнир победи забележаа Манчестер јунајтед, Ливерпул, Нотингем Форест, Астон Вила и Челзи.
Интер остана на трите титули од минатото, а италијанските екипи без трофеј во евро-куповите за сезоната 2022/23 и покрај учествата во трите финалиња (Рома во Лига Европа, Фиорентина во Конференциската лига). зс/
Фото: Фејсбук