• среда, 25 декември 2024

Прв состанок на Работната група за измени на Изборниот законик

Прв состанок на Работната група за измени на Изборниот законик
Скопје, 20 мај 2021 (МИА) - Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, во организација на Министерството за правда, одржаа состанок во Клубот на пратеници. Министерот за правда Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профи напиша дека првиот состанокот  поминал во конструктивна атмосфера. -Се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можни измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, односно нивните предлозите и размислувања за измените, истаакна Маричиќ. Министерот за правда на Фејсбук информира дека е договорено овие разговори да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканите и парламентарните партиите на помалите етнички заедници. бк/aa/

Остани поврзан