Прв случај на коронавирус во Северна Ирска
- Во северна Ирска денеска е потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус, наречен Ковид-19.

Белфаст, 27 февруари 2020 (МИА) - Во северна Ирска денеска е потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус, наречен Ковид-19.
Станува збор за пациент кој допатувал од Италија преку Даблин, изјави регионалниот службеник за здравство Мајкл Мекбрајд.
Во Обединетото Кралство претходно беа регистрирани 15 случаи на заразени со вирусот. паг/