Прв регионален состанок на Источна Европа и Централна Азија на парламентарната мрежа UNITE за глобално здравје
- Заменик претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Бедри Фазлиу учествуваше на првиот регионален состанок на Источна Европа и Централна Азија на парламентарната мрежа UNITE за глобално здравје. Регионалниот состанок се одржа од 15 до 17 мај 2023 година во Тбилиси, Грузија, известуваат од Собранието.
Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Заменик претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Бедри Фазлиу учествуваше на првиот регионален состанок на Источна Европа и Централна Азија на парламентарната мрежа UNITE за глобално здравје. Регионалниот состанок се одржа од 15 до 17 мај 2023 година во Тбилиси, Грузија, известуваат од Собранието.
На состанокот разменети се мислења во врска со промоцијата и споделувањето на искуства на парламентите во регионот и градење на силна соработка во делот на зајакнување на здравствените системи и стабилно и одржливо финансирање на здравствените системи. Воедно, посебен осврт е даден во делот на човековите права и еднаков пристап до здравствени услуги, зајакнување на здравствените системи и глобална здравствена архитектура и безбедност.
Како што се наведува во соопштението, учесниците дискутирале за главните предизвици и можности во регионот и наоѓање на стратегии за справување со истите, се презентирале можности на пратениците од регионот да се залагаат на глобално ниво.
Во рамки на програмата организирана е посета на Центарот за ментално здравје и превенција од зависности како и Центарот за инфективни болести, ХИВ - СИДА и клиничко имунолошко истражување каде што тема на разговор биле за актуелните политики и борбата против дрогата, како и главната улога на пратениците во промоцијата и заштитата на менталното здравје, борбата со пандемијата и заштита од идни пандемии.
На крајот од состанокот потпишан е договор од страна на учесниците за приоритетите во здравството, понатамошно зајакнување и проширување на глобалната парламентарна здравствена мрежа како и одредување на фокусот и целите што треба да се постигнат со цел зајакнување на здравствените системи како и нивно одржливо и стабилно финансирање.
Покрај претставник од Собранието, на состанокот учествуваа и претставници од националните парламенти на Ерменија, Киргистан, Молдавија, Србија, Украина, Грузија, како и претставници од Светската здравствена организација и претставници од невладиниот сектор. сх/нд/
Фото: Собрание