• вторник, 24 декември 2024

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата
Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) - Гранскиот Независен синдикат на полицијата денеска одбележува пет години постоење и дејствување 2012-2021 година и го одржува првиот Конгрес, на чиј дневен ред, меѓу другото е и избор на нов синдикален претседател за наредните пет години. Актуелниот и еден од кандидатите за нов претседател на НСП, Гоце Делчев, рече дека официјално денеска навршуваат точно пет години од денот кога е издадено првото решение на Независниот синдикат на полицијата за делување на повеќе министерства и дека основна точка на делување досега, а и во иднина е да се донесат што повеќе подзаконски акти и колективни договори за сите работници во сите ресорни министерства, каде што Гранскиот НСП има синдикални структури. - Преку програмата која ја имаме за делување на гранскиот НСП, синдикатот има поголем број плански активности за сите работници во редовната полицијта, во шумската, во судската и во затворската полиција, во наредниот период, приближувајќи се до европските стандарди на функционирање на самите синдикати, рече Делчев. Имаме сериозна обврска, нагласи тој, на оваа и на секоја наредна Влада да и дадеме точно свежина, во делот на она што е потребно за подобри права на работниците, се со цел да ги задржиме да останат во оваа држава. - Обрnuvam посебно внимание за сите вработени, не само за полицијата, туку и за шумската, судската и затворската полиција што повеќе подзаконски акти, особено колективни договори за сите работници во сите ресорни министерства, каде што гранскиот НСП има синдикални структури. Тоа е најзначајниот момент на моето функционирање и како претседател досега, меѓутоа и како кандидат на овој прв Конгрес, за уште еден мандат, ќе биде суштина за моето работење и во наредниот период од пет години, изјави Делчев. Ивица Нацевски, кој е втор кандидат за претседател на НСП, порача дека доста научиле од Гоце и дека е време младите да го зазема неговото место. - Синдикатот да биде европски, модерен, да идеме напред. Да се бориме и за нив старите и за нас младите, изјави Нацевски. аа/lv/ https://fb.watch/3O6cH-IIMI/

Остани поврзан