• петок, 08 ноември 2024

Прв комерцијален лет меѓу Дамаск и Алепо по осум години

Прв комерцијален лет меѓу Дамаск и Алепо по осум години
Дамаск, 19 февруари 2020 (МИА) - Сириски патнички авион од Дамаск денеска слета во Алепо, што е првиот комерцијален лет меѓу двата најголеми градови во Сирија од 2012 година. Летот, во кој биле сириски функционери и новинари, е значаен симбол дека Владата на претседателот Башар ал Асад, со поддршка на руската армија, ја консолидира контролата врз северозападната провинција Алепо и ги зазеле последните делови од стратешкиот автопат што ги поврзува градовите Алепо и Дамаск, коментираат светските агенции. Автопатот, на кој се вршат поправки, како што е најавено, ќе биде отворен за неколку дена, за прв пат по осум години. Владините сили во последните неколку недели спроведоа голема офанзива за да ја вратат контролата врз провинцијата Алепо и делови од соседната провинција Идлиб, последните упоришта на бунтовниците во земјата. Жестоките борби на повеќе фронтови го предизвикаа најголемиот бегалски бран во деветгодишната граѓанска војна, а речиси еден милион тргнаа кон границата со Турција. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан