• среда, 27 ноември 2024

Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија
Белград, 22 февруари 2020 (МИА) - На Армијата на Србија днеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион. Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот“, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување, се вели во соопштение од Министерството за одбрана. Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани. зш/

Остани поврзан