• понеделник, 23 декември 2024

Прво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија

Прво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија

Изворани, 8 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. 

Петнаесетгодишниот Јосиф Малински освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а една година помладиот Марио Брезовски беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. 

И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.

-Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа, вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг“. 

За македонската репрезентација на Балканското првенство настапија и: Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг - Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка“). зс/

Фото: ТФСМ

Остани поврзан